Фото: Facebook/Jane Stojcevski
Емилија Костовска оствари одличен резултат на силниот меѓународен турнир Malta E2 European Ranking Tournament, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 49 килограми.
Македонската натпреварувачка до најсјајното одличје стигна со две сигурни победи. Во полуфиналето беше подобра од Јелена Маринцел од Хрватска со 2-0, со што обезбеди место во големото финале.
Таму ја очекуваше Марија Коукоусоуди од Германија, но Костовска повторно покажа квалитет и славеше со идентични 2-0. Со тоа го освои златниот медал и уште еднаш го потврди потенцијалот на македонското таеквондо на меѓународната сцена.
