Додека Албанија со месеци е потресена од протести против владата на премиерот Еди Рама, една повозрасна жена неочекувано стана едно од најпрепознатливите лица на уличното незадоволство.
Видеоснимка на која таа без двоумење му се приближува на полицискиот кордон и лепи налепници на штитовите на специјалците брзо се прошири на социјалните мрежи и привлече големо внимание.
Демонстрантите ѝ го дадоа прекарот „Бабата на револуцијата“, а нејзината поддршка за младите кои бараат суштински политички промени и протестираат против владеењето на Еди Рама ја претвори во препознатлив симбол на граѓанскиот отпор во Тирана.
Нејзиниот потег стана една од сцените што го одбележаа протестното расположение во албанската престолнина.
Веста ја пренесува Ajbalkans.
