Фото: Принтскрин
Страшна трагедија ја потресе Индонезија, откако пожар избувна во фабрика за слатки во провинцијата Бантен, западно од Џакарта.
Најмалку три лица го загубиле животот, додека 36 работници се водат како исчезнати, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани.
Огнот ја зафатил фабриката „Фонуса Агунг Мулија“ во областа Серанг, на околу 50 километри од главниот град. Пламените јазици брзо се прошириле низ објектот, а делови од трокатната зграда биле уништени, при што на неколку места се урнал и покривот.
