Фото: Принтскрин
Драматични снимки од руски ракетен напад врз украинскиот град Лавов го обиколија интернетот. На видеото од автомобилска камера се гледа моментот кога крстосувачка ракета Х-101 експлодира на само неколку метри од возила кои се движат по улица.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека цел на нападот бил токму воениот индустриски комплекс, за кој тврди дека се користи за производство на украински ракети „Фламинго“ и други беспилотни летала со голем дострел.
Според Москва, во објектот се произведувале и оперативно-тактички ракети ФП-9, како и крстосувачки ракети ФП-5 „Фламинго“.
