Сериозен инцидент го вознемири Белград откако во трговскиот центар „Галерија“ младо момче, според првичните информации, физички нападнало девојка и ѝ нанело убодни рани со нож.
Според информациите од местото на настанот, драмата се случила во гаражниот простор на трговскиот центар. По пријавата, веднаш интервенирале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош.
Дополнителна загриженост предизвикале наводите дека осомничениот кај себе имал и пиштол. Засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои дошло до нападот.
Не е познато ниту што го предизвикало насилниот инцидент, како и дали момчето и девојката се познавале од претходно.
Во моментов нема официјални информации за степенот на повредите на девојката и нејзината здравствена состојба. Полицијата презема активности за целосно расветлување на случајот, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.
Веста ја пренесува Informernovine.
