Хрватскиот портал „Индекс“ ги објави имињата на сите 13 лица кои се споменуваат во истрагата за смртта на 32-годишниот спортист Кристијан Јосип Периш, кој почина на 21 октомври во психијатриската клиника „Свети Иван“ во Загреб.
Меѓу нив се четворица медицински техничари осомничени за тешко убиство на особено ранлива личност. Станува збор за Матија Враговиќ, Ноа Хренар, Младен Лончар и Иван Брлиќ.
Покрај четворицата осомничени, полицијата разговарала и со уште петмина вработени во болницата: Ана Марија Чустиќ, Јосипа Лукиќ, Мирјана Живчњак, Иван Шкорњак и Илија Ешеговиќ. Во истражните документи се споменуваат и четири лекарки – Мирела Челиќ Ружиќ, Дарјана Светиновиќ, Силвана Јелавиќ и Луција Манце Шенјуг. Нивното споменување во истрагата не значи дека се осомничени за кривично дело.
Видеото трае повеќе од осум минути, а истото е вознемирувачко и може да се погледне ТУКА.
