Фото: Принтскрин
Во тек се активностите за санација на жичарата на Водно, а градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски откри кога се очекува повторно пуштање во функција.
„Очекуваме веќе следниот месец, по завршување на активностите и проверките, жичарата повторно да ги пречека гостите“, кажа Ѓорѓиевски.
Жичарата веќе некое време беше затворена за употреба поради тоа што увидот укажа на сериозни недостатоци.
