Фото: Принтскрин
Силна експлозија одекна утрово во Санкт Петербург, при што загина руски воен полковник.
Експлозијата се случила во населбата Шушари, во моментот кога воениот офицер со автомобилот излегувал од дворот на зградата во која живеел.
Полковникот починал на самото место, а истрагата засега не го открива неговиот идентитет. Руските медиуми наведуваат дека станува збор за воен офицер со чин полковник.
