Фото: Принтскрин
Медицинскиот персонал од психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб се огласи со свои искази за интервенцијата во која почина 32-годишниот спортист Кристијан Јосип Периш.
Една медицинска сестра тврдела дека Периш се спротивставувал на врзувањето, викал и плукал кон персоналот, па дури и се обидувал да ги гризе присутните.
Друга сестра сведочела дека му давала лекови подготвени од дежурната лекарка. Таа потврдила дека дел од техничарите го удирале Периш и му притискале перница на главата.
Според нејзиниот исказ, по тоа пациентот колабирал, по што била повикана итна медицинска помош.
Видеото трае повеќе од осум минути, а истото е вознемирувачко и може да се погледне ТУКА.
