Фото: Принтскрин
Вознемирувачка снимка, за која се тврди дека е направена во Крива Паланка, се појави на социјалните мрежи, на која се гледа како животно е врзано за кровот на автомобил во движење.
На видеото може да се забележи како возилото се движи низ улиците на градот, додека животното се наоѓа на кровот.
Снимката предизвика реакции кај граѓаните, кои го осудија ваквиот начин на постапување со животното и побараа реакција од надлежните институции.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
