Неверојатна и крајно опасна ситуација била забележана на 30 октомври во Истанбул, Турција, кога жена со бебешка количка застанала директно на шините, обидувајќи се да го сними трамвајот што ѝ се приближувал.
Како што трамвајот се движел кон неа, жената се обидела да се тргне настрана, но наместо да ја оддалечи количката од шините, ја турнала токму кон возилото.
За среќа, возачот реагирал навреме и успеал да закочи во последен момент, спречувајќи можна трагедија.
По запирањето на трамвајот, возачот излегол и ѝ се обратил на жената, прашувајќи ја дали е свесна што направила со оглед на опасноста на која ги изложила и себе и бебето.
Веста ја пренесува Theusapress.
