Страшната авионска трагедија на Флорида однесе девет животи, меѓу кои и животот на само 20-годишната девојка пилот Наталија Гадеља Филгеирас. Младата девојка, која уште од тинејџерските денови го следела својот сон да стане пилот, трагично го загуби животот во уривањето на приватниот авион во кој била копилот.
По трагичната вест, сега пристигна и првата емотивна порака од нејзиното семејство. Нејзината сестра преку потресна исповед на социјалните мрежи ја сподели болката од загубата на најблиската личност, опишувајќи ја како своја друга половина, своја најголема љубов и незаменлив дел од животот.
Таа признава дека сè уште не може да ја прифати реалноста и дека не постојат зборови со кои може да се опише празнината што останала по заминувањето на нејзината помала сестра.
Во пораката ветува дека секогаш ќе го чува нејзиното име, ќе ја брани нејзината чест и ќе ја носи во срцето. Особено ја боли сознанието дека сестра ѝ нема да ги доживее сите убави моменти што ги планирала – да стане тетка, да ја дочека својата свадба и да ги оствари соништата што ги имала пред себе.
Покрај тагата, сестрата испраќа и порака исполнета со гордост за нејзината храброст, сила и решителност. Ја опишува како девојка која докажала дека жените можат да постигнат сè, без оглед на возраста и полот, и која не престанала да се бори до последниот здив.
Нејзината исповед завршува со зборови што ја откриваат длабочината на загубата – ќе ја бара во соништата, ќе ја чувствува во срцето и ќе го брои времето до денот кога повторно ќе се сретнат.



