Ниту дождот, ниту предизвиците не ја спречија оваа храбра мајка да биде дел од денешната трка „Струмица Ран“. Туркајќи го своето детенце во количка со церебрална парализа, таа заедно со него помина низ струмичките улици и испрати прекрасна порака за безусловната љубов, посветеноста и истрајноста.
Момент исполнет со емоции, кој потсетува дека најубавите победи не се мерат со времето и брзината, туку со љубовта и срцето!
Веста ја пренесува Strumica denes.

