Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени е регистриран денеска, 29 октомври, во 14:41 часот по локално време во охридскиот регион.
Според информациите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), повикувајќи се на податоците од Институтот за геонауки при Политехничкиот универзитет во Тирана, епицентарот на потресот се наоѓал на околу 13 километри североисточно од Охрид.
Земјотресот бил регистриран на длабочина од 15 километри, на географските координати 41,187 степени северна ширина и 20,923 степени источна должина.
Засега нема дополнителни информации за евентуални последици од потресот.

