Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Шокантни сцени во македонската армија: Војниците јадат во нехумани услови!

Gladiator 28/10/2026

Рекорден буџет, најави за модернизација и обиколки на реконструирани воени објекти. Вака изгледа официјалната слика за вложувањата во македонската Армија. Но, сведоштвата на припадници на вооружените сили, заедно со фотографиите со кои располага редакцијата, отвораат сериозни прашања за условите во кои дел од војниците ги извршуваат секојдневните обврски.

За 2026 година, Министерството за одбрана располага со буџет од 358 милиони евра. Во меѓувреме, во одредени касарни се спроведуваат инфраструктурни зафати, а министерот за одбрана Владо Мисајловски посетува воени објекти во кои се врши реконструкција. Фотографиите од овие посети ја претставуваат сликата за подобрување на воените капацитети и унапредување на стандардите за припадниците на Армијата.

Фотографиите укажуваат на сериозни недостатоци во хигиената, санитарните услови и начинот на чување и транспорт на храната.

Еден од најзагрижувачките проблеми се однесува на исхраната на војниците. Според достапните фотографии, храната се пренесува во стари метални канистри со видливи траги од корозија и оштетени гумени делови. Ваквата состојба отвора прашања за хигиенските стандарди и за условите под кои се чува храната наменета за припадниците на Армијата.

Дополнителни забелешки има и за санитарните простории. На фотографиите се гледаат дотраени казанчиња, оштетени плочки, нечисти површини и ѕидови со видливи траги од влага и запуштеност.

Особено сериозно прашање е квалитетот на водата. Според информациите со кои располага редакцијата, во дел од касарните има известувања дека водата не е безбедна за пиење. Се тврди и дека во одредени воени објекти проблемите со исправноста на водата траат со децении.

Ниту условите за лична хигиена не се поштедени од критики. Дел од војниците опишуваат импровизирани начини за туширање, кои, според нив, се далеку од стандардите што би требало да ги има една современа армија.

„До кога ќе гледаме фотографии од посети, состаноци и најави, додека секојдневието во одредени касарни останува непроменето? Како е можно припадниците на Армијата да се хранат и да одржуваат лична хигиена во вакви услови, а постојано да се зборува за напредок?“, се прашува јавноста.

Тие велат дека најголемото разочарување е чувството дека нивните проблеми не добиваат соодветно внимание.

„Состојбата е доведена до точка што тешко може да се оправда. Храната е со лош квалитет, санитарните простории се во очајна состојба, а за туширање се користат импровизирани решенија, како обична кофа со дупка на чепот. Ние сме луѓето што треба да ја гарантираат безбедноста на државата, а самите работиме во услови што не го почитуваат нашето достоинство. Наместо конкретни промени, постојано слушаме најави и гледаме промотивни активности“, велат војниците.

Нивните искази отвораат прашање дали инфраструктурните инвестиции ги опфаќаат подеднакво сите воени објекти и дали подобрувањето на условите на терен се одвива со брзина што одговара на потребите на припадниците на Армијата.

Од Министерството за одбрана, пак, посочуваат дека состојбата со воената инфраструктура е тема за која редовно информираат и нагласуваат дека реконструкцијата на касарните е еден од приоритетите.

Од таму не го оспоруваат фактот дека постојат објекти кои со децении не биле соодветно обновувани, но тврдат дека во тек е процес на нивно постепено унапредување.

„Постојат армиски објекти што повеќе од половина век се оставени на забот на времето. Но, таа слика ја менуваме секојдневно. За оваа година се издвоени повеќе од три милиони евра за инвестиции, а планирани се и дополнителни 12 милиони евра за реконструкција на армиската инфраструктура“, наведуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека министерот Владо Мисајловски во изминатиот период посетил повеќе касарни во кои се реализираат или се планираат обемни градежни активности, меѓу кои објекти во Велес, Штип, Прилеп и Скопје.

Според образложението на Министерството, зафатите вклучуваат обновување на внатрешните простории, реконструкција на санитарните јазли, замена на електричната инсталација, подобрување на осветлувањето, поставување или обновување на системите за вентилација и греење, како и нови подни облоги и молерофарбарски работи.

„На армиската инфраструктура се работи како никогаш досега, а подобрувањето на условите останува еден од нашите приоритети. Сите активности се реализираат согласно утврдените потреби и приоритети на Армијата“, стои во одговорот од Министерството за одбрана.

Ставовите на војниците и објаснувањата на институцијата покажуваат две различни перспективи за состојбата во армиските објекти. Додека Министерството се повикува на тековните и планираните инвестиции, припадниците на Армијата бараат конкретни подобрувања во секојдневните услови за работа и престој.

Веста ја пренесува Fokus.mk

Tags: армија војници услови

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Познатата пејачка итно оперирана по сериозни компликации: Ги откажа настапите и се огласи од болница!
Next: (ФОТО) Верижна сообраќајка во скопски Аеродром

Најново

  • Смртоносна бактерија однесе четири животи: 20 заразени, расте загриженоста!
  • (ФОТО) Верижна сообраќајка во скопски Аеродром
  • (ФОТО) Шокантни сцени во македонската армија: Војниците јадат во нехумани услови!
  • (ФОТО) Познатата пејачка итно оперирана по сериозни компликации: Ги откажа настапите и се огласи од болница!
  • Нов инцидент: Напад со три дрона во близина на Бугарија, морнарите го напуштиле бродот!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Смртоносна бактерија однесе четири животи: 20 заразени, расте загриженоста!

Смртоносна бактерија однесе четири животи: 20 заразени, расте загриженоста!

28/10/2026
(ФОТО) Верижна сообраќајка во скопски Аеродром

(ФОТО) Верижна сообраќајка во скопски Аеродром

28/10/2026
(ФОТО) Шокантни сцени во македонската армија: Војниците јадат во нехумани услови!

(ФОТО) Шокантни сцени во македонската армија: Војниците јадат во нехумани услови!

28/10/2026
(ФОТО) Познатата пејачка итно оперирана по сериозни компликации: Ги откажа настапите и се огласи од болница!

(ФОТО) Познатата пејачка итно оперирана по сериозни компликации: Ги откажа настапите и се огласи од болница!

28/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Смртоносна бактерија однесе четири животи: 20 заразени, расте загриженоста!
  • (ФОТО) Верижна сообраќајка во скопски Аеродром
  • (ФОТО) Шокантни сцени во македонската армија: Војниците јадат во нехумани услови!
  • (ФОТО) Познатата пејачка итно оперирана по сериозни компликации: Ги откажа настапите и се огласи од болница!
  • Нов инцидент: Напад со три дрона во близина на Бугарија, морнарите го напуштиле бродот!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.