Попова Шапка повторно се разбуди под снежна покривка, а високите предели на Шар Планина полека ја менуваат есенската во зимска идила. Белите снежни наноси го преобразуваат планинскиот пејзаж, најавувајќи го доаѓањето на постудените денови.
Снежните врнежи се јасен знак дека зимата постепено се приближува, а со неа и почетокот на сезоната што ја очекуваат бројните љубители на планината, снегот и зимските спортови. Попова Шапка повторно добива препознатлива зимска слика, која навестува дека наскоро овој планински центар би можел да стане омилена дестинација за зимски авантури.
Веста ја пренесува 24chasa.mk





