Фото: Принтскрин
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обрати до јавноста по парламентарните избори во Србија, на кои победи Студентската листа.
Вучиќ истакна дека неговата листа располага со 104 пратенички места и порача дека нема да дозволи да биде замолчена.
„Имаме една партија со 104 пратеници во Собранието и не можете ниту да ја замолчите ниту да ја прикриете“, кажа Вучиќ.
Вучиќ во обраќањето се осврна и на контактите со странски државници. Тој рече дека разговарал со Виктор Орбан, Емануел Макрон и Џорџа Мелони во изминатите денови.
