Министерството со важна информација за семејствата: Проверете ги вашите сметки, започна исплатата на паричните средства!
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека е започната исплатата на родителскиот додаток за дете за септември 2026 година.
Корисниците кои располагаат со дебитна картичка можат да ги користат средствата веднаш штом ќе им бидат достапни на сметката. Парите може да се подигнат во готовина од банкомат, да се користат за плаќање во продавници или, пак, трансакциите да се реализираат преку електронско и мобилно банкарство.
За граѓаните кои немаат платежна картичка, овозможено е подигнување на средствата на шалтерите во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Од Министерството посочуваат дека исплатата се однесува на родителскиот додаток за септември, па корисниците можат да проверат дали средствата им се достапни на нивните сметки.
Веста ја пренесува Direkten.mk

