Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Беласица“ во Скопје, во близина на крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 октомври, околу 20:50 часот, во правец кон трговскиот центар.
Во сообраќајниот судир учествувале два автомобила – „Мерцедес“, управуван од 37-годишен скопјанец со иницијали М.П., и „Ауди“, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.
Како последица на несреќата, телесни повреди добиле двајцата возачи и едно лице кое се наоѓало во едно од возилата.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
