Вистинска драма се одвивала во кинеската покраина Фуџијан, каде тригодишно девојче се нашло во исклучително опасна ситуација, откако се заглавило во металната решетка на прозорец од стан на 12. кат.
Соседите и полицијата веднаш реагирале за да му помогнат на детето. Со помош на столче се обидувале да го придржат девојчето и да ја намалат опасноста додека траела спасувачката акција.
Во меѓувреме, пожарникарите се подготвувале за најлошото сценарио, поставувајќи воздушно-спасувачка перница на земјата под зградата, во случај ситуацијата да се искомплицира.
Благодарение на брзата реакција и координацијата меѓу присутните, акцијата завршила успешно. Девојчето било извлечено на безбедно на 17 октомври, а според достапните информации, за среќа, поминало без повреди.
Веста ја пренесува CNA.
