Фото: Принтскрин
Европските лидери сè повеќе ја разгледуваат можноста за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина.
Во анализата се разгледуваат две можни опции што би можеле да бидат дел од идните разговори на Европа со Русија.
Првото сценарио предвидува замрзнување на конфликтот долж сегашните линии на фронтот, во замена за гаранција дека Украина нема да стане членка на НАТО.
Втората можност подразбира Украина да го отстапи преостанатиот дел од Донбас под руска контрола, по што би добила можност веднаш да влезе во НАТО.
