Фото: Facebook/Rumljani i Rumljanke 2/Printscreen
Појавувањето на „жени во црно“ во повеќе населени места во Србија предизвика вознемиреност кај граѓаните, а случајот повторно ја „разгоре“ дилемата кој се крие зад маските.
За ситуацијата се огласи и сектологот Димитрије Пастуовиќ, кој предупредува дека ваквите појави не треба да се игнорираат, без оглед на тоа што стои зад нив.
„Можеби станува збор за предизвик на Тикток, но можно е и да има нешто друго. Не треба ова да се сфаќа несериозно“, предупредува Пастуовиќ.

