Фото: Принтскрин
Италијанската војска ќе испрати 500 војници за да го бранат Милано по нередите во текот на претходните денови, кога демонстрантите се судрија со полицијата.
Распоредувањето на војската треба да биде дел од пакетот безбедносни мерки за кои владата треба да одлучи на денешната седница.
Оваа одлука е донесена во момент кога голем број брендови почнаа да ги затвораат своите продавници во страв од грабежи.
