Фото: Принтскрин
Протестите против албанската влада во Тирана повторно ескалираа, откако демонстрант фрли молотов коктел кон зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама.
Полицијата одговори со солзавец и водени топови, а според првичните информации од локалните медиуми, биле испукани и гумени куршуми.
Премиерот Рама ги осуди насилните инциденти и предупреди дека протестите може да ги загрозат пошироките интереси на Албанија, вклучително и нејзините европски интеграции.
