Фото: Принтскрин
Цената на дизелот во земјава би можела дополнително да се намали за два денара по литар, доколку бидат успешно завршени преговорите меѓу Владата и снабдувачот „Окта“.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговорите за обезбедување дополнителен попуст сè уште траат, со цел да се намали финансискиот товар врз граѓаните и потрошувачите на дизел-гориво.
На прашањето дали актуелната мерка ќе продолжи и по 20 октомври, Мицкоски посочи дека оваа тема ќе биде разгледана на денешната владина седница.
Тој очекува преговорите наскоро да резултираат со договор, кој би овозможил ново намалување на цената на дизелот за два денара по литар.
Доколку се постигне договор, возачите и останатите корисници на дизел-гориво би можеле да добијат дополнително олеснување во трошоците.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
