Фото: Принтскрин
Продолжуваат протестите во Франција, а една снимка од Ница се прошири на социјалните мрежи, откако вработен во продавница за електроника се обиде да ги спречи демонстрантите да влезат во објектот, но беше нападнат, а продавницата на крајот беше ограбена.
Станува збор за Пјер, вработен во продавницата „Микроманија“, која се наоѓа на авенијата Жан Медсен во Ница.
Инцидентот се случил во саботата, кога група демонстранти се обиделе да влезат во продавницата.
