Зад секој ден поминат во болничка соба стои надежта дека Виктор ќе добие шанса за подобро утре. Но, додека неговото лекување во Турција продолжува, финансискиот товар станува сè потежок, а средствата веќе не се доволни за да се покријат сите неопходни трошоци.
По туморот, тешката радиотерапија, хидроцефалусот и нападите со кои се соочува, на Виктор му е потребна непрекината медицинска нега. Секој прекин може да значи дополнителна неизвесност во и онака тешката борба низ која минува.
„Конечно сме на место каде што Виктор ја добива потребната медицинска помош. Не можам да прифатам неговото лекување да биде доведено во прашање поради недостиг на пари. Сама не можам да ги издржам сите трошоци, а дома нашиот Илин со нетрпение го чека својот татко. Секој ден ми носи нова грижа и надеж дека ќе успееме да продолжиме понатаму“, споделува неговото семејство.
На Виктор му е потребна нашата поддршка токму сега!
Секоја донација, без разлика на износот, може да помогне неговото лекување да продолжи. Ако не сте во можност да донирате, споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе со големо срце, се вели во апелот на PavelAndreev.ORG Македонија.
