По освојувањето на светското злато, младиот македонски каратист Марко Џорлев доби и слатко изненадување како потврда за големиот спортски успех.
Џорлев се закити со титулата светски шампион на Светското кадетско првенство во карате, кое се одржа во Полска. По извонредниот резултат и освојувањето на златниот медал, успехот беше одбележан и со торта во чест на неговиот триумф.
Големиот успех на младиот спортист е повод за гордост и уште една потврда за потенцијалот на македонските карате-таленти на меѓународната сцена.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
