По седум примени хемотерапии, туморот кај Ивана е намален за околу 85 проценти. Ова е значаен напредок, но нејзината битка сè уште не е завршена. За да продолжи по патот кон оздравувањето, таа има потреба од понатамошно лекување и нашата поддршка.
Зад оваа тешка борба стои и едно мало девојче, нејзината седумгодишна ќерка, која посакува само едно нешто: мама да оздрави и повторно да биде покрај неа дома.
Секој придонес може да биде дел од надежта за подобро утре. Ако сте во можност, донирајте. Ако не можете финансиски да помогнете, споделете ја оваа објава за приказната на Ивана да стигне до што повеќе луѓе.
Да покажеме дека Ивана не е сама во оваа борба. Да ѝ помогнеме да продолжи со лекувањето и да се приближи до најголемата желба на своето дете – повторно да ја прегрне мама дома, се вели во апелот на ECrowd.mk
