Фото: Принтскрин
Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски оствари импресивна победа на спектаклот „Глори 110“ во Антверпен, Белгија, откако со технички нокаут во првата рунда го совлада Мароканецот Ајман Латифи.
Победата добива дополнителна тежина ако се знае дека Латифи влезе во мечот како фаворит. Мароканскиот кикбоксер зад себе имаше професионален биланс од 21 победа и четири порази, но не успеа да го запре налетот на македонскиот претставник.
Македонскиот борец успеа два пати да го собори противникот, пред судијата да ја прекине борбата во првата рунда по серијата успешни удари.
