Тешка несреќа на аеродромот Дон Муанг во Бангкок во 2023 година го претворила обичното патување во вистинска трагедија за 57-годишната Тајланѓанка Супане Китиратана.
Жената се подготвувала да се качи на утрински лет кон јужната тајландска провинција Након Си Тамарат, кога се случила несреќата на терминалот 2. Нејзината лева нога се заглавила во механизмот на подвижната патека за пешаци, по што таа изгубила рамнотежа и паднала.
Според описот на настанот, до несреќата дошло откако дел од конструкцијата попуштил поради дотраени завртки и плочи, создавајќи отвор во кој пропаднала ногата на патничката.
Обидите да ја ослободат од механизмот завршиле со драматична медицинска интервенција. Медицинскиот тим морал да изврши ампутација на нејзината лева нога над коленото на самото место за да може да ја извлече од машинеријата.
Веста ја пренесува Rikosetemisija.

