Вознемирувачки настан ја потресе населбата Жабаквара, во бразилскиот град Сао Паоло, каде што утринска рутина на комуналните работници се претворила во шокантно откритие.
За време на редовното чистење на улиците, работниците забележале црна ќеса за отпад оставена покрај патот, цврсто заврзана со јажиња. Сомневајќи се дека во неа има нешто необично, решиле да проверат што се крие внатре.
Она што го откриле ги оставило во неверување. Во ќесата се наоѓало безживотно тело на маж, свиткано во згрчена положба. Засега не е утврден неговиот идентитет, ниту се познати околностите под кои настанала трагедијата.
По пријавата, на местото веднаш пристигнале припадници на воената полиција и екипи за криминалистичка истрага. Подрачјето било обезбедено, а надлежните служби започнале детална истрага за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот и анализата на собраните докази. Засега нема официјални детали за идентитетот на починатиот или за можните причини за неговата смрт.
Веста ја пренесува Erken.baski
