Непријатен инцидент вчера ја вознемирил јавноста на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде што, според достапните информации, дошло до физички напад врз повозрасна жена која се наоѓала во својот автомобил.
Според првичните наводи, друга жена ѝ ја отворила вратата на возилото, по што започнала физички да ја удира и клоца жената што седела зад воланот.
Засега останува нејасно што претходело на нападот и дали двете жени пред инцидентот имале вербална расправија. Мотивите за ваквото однесување сè уште не се познати.
Дополнително, случајот, според информациите со кои се располага, не бил пријавен во Министерството за внатрешни работи, поради што нема официјална потврда за настанот, ниту повеќе детали за неговите околности.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
