Фото: Принтскрин
Американскиот милијардер и сопственик на „СпејсЕкс“, Илон Маск, упати нови критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека тој нема интерес да ја заврши војната сè додека Русија не биде поразена.
Во објава на платформата Икс, Маск сподели тврдења дека најголемиот страв на Зеленски е завршувањето на војната и соочувањето со претседателски избори.
„Ако изгуби, сигурно ќе биде под истрага и најверојатно кривично гонет. Осумдесет проценти од неговите претходници биле кривично гонети“, се наведува во пораката што ја сподели Маск.
