Снимка од опасно возење низ улиците на Штип ја активираше полицијата, која по неколку дена го идентификуваше младиот возач што се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи на 12 октомври.
Од Секторот за внатрешни работи Штип соопштуваат дека на 14 октомври бил пронајден и повикан на службен разговор 22-годишниот С.К. од Штип.
На видеоматеријалот може да се забележи како тој управува автомобил „опел“ без регистарски таблички и намерно предизвикува пролизгување на возилото, изведувајќи опасни маневри познати како „дрифтање“.
Полициските проверки откриле и дополнителен прекршок – младиот штипјанец го управувал автомобилот без претходно да се стекне со право за управување со моторно возило.
За случајот е известен надлежниот јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против 22-годишникот ќе следува соодветна пријава.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
