Фото: Принтскрин
Кочанскиот суд добил известување дека Ива Михајлова не била пронајдена на нејзината адреса на живеење, по што веднаш било испратено известување до Основното јавно обвинителство Кочани за да се даде предлог за построга мерка.
Јавното обвинителство Кочани веднаш доставило предлог за определување на мерка притвор за Ива Михаилова, која претходно замина во Бугарија.
Михаилова е обвинета во судска постапка за сообраќајка со смртни последици.
