Фото: Принтскрин
Драматичен инцидент се случил на патнички лет од Делхи кон Ченај, во Индија, откако во кабината на авионот се појавил чад поради проблем со електронски уред на патник. Пилотите одлучиле да го пренасочат летот и да извршат принудно слетување во Хајдерабад.
Чадот во кабината предизвикал загриженост меѓу патниците, но екипажот брзо реагирал и успеал да ја стави ситуацијата под контрола.
Авионот слетал безбедно, а според информациите објавени од индиските медиуми, нема пријавени повредени.
