Фото: Принтскрин
Македонската компанија „Радек“ ѝ подари автомобил на Нина која пред 10 години станала дел од фирмата.
„Денес славиме посебен јубилеј — 10 години откако нашата колешка Нина стана дел од тимот на RADEK. Зад овие десет години стојат многу вложен труд, одговорност и придонес во она што сме денес. Во знак на искрена благодарност, овој јубилеј го одбележуваме со посебен подарок – нов автомобил. Благодариме за довербата, лојалноста и за сè што градиме заедно. Со здравје да се вози и да носи многу убави моменти“, соопштија од компанијата.
