Фото: Принтскрин
Во поранешна Југославија некогаш постоеле дури осум градови и населени места кои во својот официјален назив го носеле името на Јосип Броз Тито.
Првите четири преименувања се случиле непосредно по Втората светска војна. Подгорицa во 1946 година станала Титоград, а старото име повторно било вратено во 1992 година. Кoреница во Хрватска била преименувана во Титова Кореница, додека Ужице станало Титово Ужице. И Македонија имала град кој го носел името на Тито. Велес во 1946 година бил преименуван во Титов Велес, а новото име официјално стапило во сила на 11 октомври истата година.
По смртта на Тито во 1980 година, уште четири места добиле негово име. Велење станало Титово Велеењ, Дрвар – Титов Дрвар, Косовска Митровица – Титова Митровица, а Врбас – Титов Врбас. Овие имиња не се задржале долго. Со политичките промени и распадот на Југославија, градовите постепено ги вратиле старите имиња.
