Фото: Принтскрин
Седум државјани на Србија се уапсени во акцијата на шпанската полиција во која е откриена „соба за мачење“. Сите се под истрага за организиран криминал, но шпанските медиуми пишуваат дека уште српски државјани се под истрага.
Србите се под истрага поради тешки кривични дела, како обид за убиство, киднапирање и припадност на криминална организација, но и други дела поврзани со оружје и муниција.
Во текот на истрагата, полицијата во една куќа сретнала неколку мажи кои се обидувале да избегаат. Осомничените наводно подготвиле една просторија каде што извршувале мачење.
Повеќе детали за случајот може да прочитате ТУКА.
