Македонската кикбокс-репрезентација оствари одличен резултат на Светското првенство за јуниори во Италија, каде што натпреварувачите освоија вкупно пет медали – три златни и две бронзени.
Најголемиот успех го комплетираа Калин Бабоски и Томи Андонов, кои во последниот натпреварувачки ден триумфираа во своите финални борби и се закитија со светски титули.
Со тоа, Македонија доби тројца светски шампиони на овој шампионат. Претходно до златниот медал стигна и Глигор Николов, кој се искачи на врвот во дисциплината лоу кик, во категоријата до 67 килограми.
Покрај трите најсјајни одличја, Македонија освои и две бронзи. Драгица Глигорова стигна до третото место по настапот во полуфиналето, додека Петар Лозановски се закити со бронзен медал во категоријата до 60 килограми.
Глигор Николов – златен медал
Калин Бабоски – златен медал
Томи Андонов – златен медал
Драгица Глигорова – бронзен медал
Петар Лозановски – бронзен медал
Со три освоени светски титули и уште две бронзени одличја, македонските кикбоксери го завршија настапот на шампионатот во Италија со пет медали и тројца светски прваци.
Веста ја пренесува Lider.mk
