Тешка сообраќајна несреќа во текот на ноќта го одзеде животот на 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски, потврдија од ФК Тетекс.
Николовски бил дел од младинскиот погон на тетовскиот клуб, а подоцна продолжил да настапува и за сениорскиот состав. Од Тетекс со голема тага се простија од својот млад фудбалер, истакнувајќи дека тој засекогаш ќе остане дел од клупското семејство.
„Со огромна болка се простуваме од нашиот Даниел. Неговата љубов кон Тетекс ја покажуваше уште од младинските категории, а потоа и како член на сениорскиот тим. Ќе остане засекогаш во нашите сеќавања и во историјата на клубот“, порачаа од ФК Тетекс.
Од клубот изразија најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите и сите кои го познавале младиот фудбалер.
Повеќе детали за трагичниот настан се очекуваат по официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Веста ја пренесува Direkten.mk

