Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајка се случи на патот Илинден – Миладиновци, при што две лица ги загубија животите, а три се повредени.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден -Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.
Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил дирекѕно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино.
Во несреќата на лице место починале возачот на возилото Хјундаи и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.
Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата“, соопшти Обвинителството.
