Фото: MKD Olympic Team/Facebook
Одличен настап на македонската борачка Вероника Консевиќ, која се искачи на пиедесталот на Медитеранските игри и освои бронзен медал во слободен стил до 57 килограми.
Консевиќ во борбата за третото место имаше тежок дуел против Србинката Милица Перовиќ, но успеа да ја надигра и да слави со 7-5.
Со овој триумф, македонската претставничка го обезбеди третото место и уште еден медал за Македонија на Медитеранските игри.
