По потрагата по 83-годишниот Трајан Г. од Скопје, неговото тело било пронајдено во водите на реката Вардар, во близина на подрачјето на Гази Баба.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 25 август, околу 6:10 часот, откако било забележано човечко тело во реката.
Припадници на Бригадата за противпожарна заштита од Скопје интервенирале и го извлекле телото од Вардар. По идентификацијата, семејството потврдило дека станува збор за Т.Г., кој ден претходно бил пријавен за исчезнат од страна на неговиот 46-годишен син.
Полицијата извршила увид на местото, а по налог на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција.
Засега нема официјални информации за околностите под кои дошло до смртта.
Веста ја пренесува Kurir.mk
