Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство хрватска црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Нови клинички центар во Скопје: Николовска најави инвестиции во здравството

Gladiator 24/08/2026

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Владата најавува нови инвестиции во здравствениот сектор, со фокус на изградба и модернизација на здравствената инфраструктура низ земјата. Според најавите на пратеничката Александра Николовска, меѓу приоритетите се изградбата на клинички болници во Штип и Тетово, нов здравствен дом во Кичево, но и изградбата на голем клинички центар во Скопје.

„Николовска: Владата инвестира денес, за граѓаните да имаат подобро здравство утре со нови болници, модерни здравствени центри и нов клинички во Скопје Почитувани, Kога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто што директно го засега секој граѓанин. Затоа определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да изградиме здравствен систем кој ќе биде модерен, функционален и достапен за сите. Затекнавме здравство со сериозно запуштена инфраструктура, нефункционални установи, недоволна опрема и објекти во кои со години речиси ништо не било инвестирано.

За да ги подобриме состојбите, фокусирани сме на реализација на Клиничка болница во Штип, Клиничката болница во Тетово, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност, како и студентскиот дом и факултетот за медицински науки. За овие проекти веќе беше објавен меѓународен повик за финансиери и веќе имаме добиено необврзувачки и индикативни понуди кои се поволни и прифатливи. Паралелно ја разгледуваме изградбата на големиот клинички центар во Скопје. Проект кој треба да биде еден од најзначајните здравствени проекти во современата историја на државата. Една од локациите што се разгледува е кај базенот Борис Трајковски, која е стратешка локација која има пристап до два булевара, до гасоводна мрежа и е во непосредна близина на обиколницата. Станува збор за локација во приватна сопственост и во тек се разговори со сопственикот за можност за замена на земјиштето. Нашата визија е да изградиме ултрамодерен клинички центар кој нема да биде само за Скопје и за граѓаните на Македонија, туку ќе создаде можност за да привлекуваме пациенти и од соседните држави. Планот предвидува и топол подземен премин под булеварот Илинденска кој ќе го поврзе новиот комплекс со постоечката болница 8ми Септември. Во целина се вклопуваат и ПЕТ центарот кој го развиваме како и поликлиниката Букурешт. Тоа значи создавање на целосно заокружен здравствен комплекс со современа инфраструктура и поврзани здравствени услуги. Од друга страна во изминатиот период целосно ги реконструираме оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8ми Септември.

Целосно е реконструирано и одделението за трауматологија во Старата градска болница, објектот во кој со децении немало сериозна инвестиција. А во ГАК вложени се околу 110 милиони денари, од кои околу 35 милиони денари во реконструкција и околу 75 милиони денари во современа медицинска опрема. Во Клиничкиот центар Мајка Тереза веќе се реконструирани шест операциони сали, а во следните неколку месеци се очекува да бидат пуштени во употреба уште 4 современи операциони сали. Тоа значи дека ќе имаме вкупно 10 модернизирани операциони сали. Реновиравме повеќе од 10 здравствени објекти и клиники и набавивме современа медицинска опрема вредна неколку милиони евра. Со ова покажуваме дека проблем по проблем, болница по болница и клиника по клиника здравството го менуваме. Затоа нашата цел и заложба е граѓаните да добијат здравствени установи какви што заслужуваат современа опрема и здравствен систем кој ќе биде подготвен за иднината. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира денес за граѓаните да имаат подобро здравство утре“, вели таа.

Tags: Александра Николовска

Continue Reading

Previous: Драма на концертот на оваа позната пејачка: Итно го прекина настапот поради оваа причина!
Next: (ФОТО) Ќерката на позната пејачка го смени презимето, а причината ги шокира сите!

Најново

  • (ФОТО) Тажна вест ги потресе сите: Почина една од најголемите музички легенди!
  • (ФОТО) Малолетна влегува во реално шоу: Мајка ѝ дојде да потпише, а нејзината одлука предизвика бурни реакции!
  • (ВИДЕО) Еден од најопасните мафијаши ликвидиран среде бел ден
  • Убави вести од ГАК: Пристигнаа нови причини за славење!
  • (ВИДЕО) Запалена е депонија во Кавадарци: Пожарникари се борат со пламените јазици

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Тажна вест ги потресе сите: Почина една од најголемите музички легенди!

(ФОТО) Тажна вест ги потресе сите: Почина една од најголемите музички легенди!

25/08/2026
(ФОТО) Малолетна влегува во реално шоу: Мајка ѝ дојде да потпише, а нејзината одлука предизвика бурни реакции!

(ФОТО) Малолетна влегува во реално шоу: Мајка ѝ дојде да потпише, а нејзината одлука предизвика бурни реакции!

25/08/2026
(ВИДЕО) Еден од најопасните мафијаши ликвидиран среде бел ден

(ВИДЕО) Еден од најопасните мафијаши ликвидиран среде бел ден

25/08/2026
Убави вести од ГАК: Пристигнаа нови причини за славење!

Убави вести од ГАК: Пристигнаа нови причини за славење!

25/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Тажна вест ги потресе сите: Почина една од најголемите музички легенди!
  • (ФОТО) Малолетна влегува во реално шоу: Мајка ѝ дојде да потпише, а нејзината одлука предизвика бурни реакции!
  • (ВИДЕО) Еден од најопасните мафијаши ликвидиран среде бел ден
  • Убави вести од ГАК: Пристигнаа нови причини за славење!
  • (ВИДЕО) Запалена е депонија во Кавадарци: Пожарникари се борат со пламените јазици

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.