Фото: Принтскрин
Познатиот јутјубер Ритко Мемедов побара помош преку социјалните мрежи од Министерството за внатрешни работи (МВР), откако откри дека подолг период добивал сериозни закани.
„До надлежните институции, особено до МВР: Овие лица подолг период ме рекетираат, од мене присилно бараат пари и ми упатуваат сериозни закани дека ќе ме нападнат и физички ќе ме повредат. Ситуацијата трае веќе подолго време и се чувствувам загрозено за мојата безбедност.
Ги молам МВР и надлежните институции сериозно да го разгледаат случајот, да преземат соодветни мерки и да ја проверат целата ситуација. Напоменувам дека лицето со капата нема никаква поврзаност со овие лица и не е дел од целиот случај“, објави Ритко.
Видеото може да го погледнете на неговиот профил ТУКА.
