Семејството на 83-годишниот Трајан Георгиевски од Скопје упатува апел до граѓаните за помош, откако утринава му се губи трагата.
Според досегашните информации, Трајан го напуштил својот дом во Кисела Вода и се упатил кон кулите во близина на Расадник. Оттогаш нема информации каде се наоѓа.
Телефонот му е недостапен, а случајот е пријавен во полиција. Во меѓувреме, неговите најблиски се обидуваат да дознаат дали некој од граѓаните го забележал во текот на денот.
Семејството ги повикува сите кои можеби го виделе Трајан или имаат каква било информација за неговото движење да се јават на:
075/327-019
078/813-202
Секоја информација, дури и доколку изгледа незначително, може да помогне во неговото пронаоѓање.
Веста ја пренесува Infomax.mk

