Фото: Принтскрин
На грчкиот остров Спецес се случил инцидент кога хеликоптер слетал директно на плажа на која имало луѓе, при што ги вознемирил присутните.
Поради инцидентот интервенирал и обвинител, кој од полицијата побарал да се собере материјал во истрагата.
Истрагата треба да потврди под кои услови се случило слетувањето на хеликоптерот на плажа, како и дали биле почитувани сите правила.
