Голем шумски пожар се заканува на градот Круја, на околу 30 километри северно од албанската престолнина Тирана. Локалните жители се приклучија кон пожарникарите и припадниците на армијата во напорите да го стават огнот под контрола.
Драматични сцени се регистрирани во близина на домовите, каде што мештаните со импровизирани средства се обидуваат да го спречат пламенот да стигне до нивните имоти.
Меѓу нив бил и Шабан Хасани, кој со гранки се обидувал да го потисне огнот додека пламените јазици се приближувале кон неговиот имот.
Во гаснењето активно учествувале и албанските вооружени сили. Во критичните подрачја биле ангажирани армиски хеликоптери, кои од воздух испуштале вода врз огнената линија за да помогнат во спречувањето на понатамошното ширење на пожарот.
Пожарот создаде сериозна опасност за жителите на Круја и околните подрачја, додека на терен продолжија координираните напори на населението, пожарникарите и воените единици.
Веста ја пренесува Reuters.com
